Снаа и свекрва со домашна храна создаваат успешна бизнис приказна

пред 4 години

Во тетовско Доброште Ирена Синадиновска со свекрвата, сопругот и синот минатата година произвеле над 1000 тегли ајвар, џемови, слатко како и друг вид домашна и традиционална храна која ја продавале на своите веќе постојани купувачи. Тие веќе петта година својата егзистенција ја имаат единствено преку овој начин-сите земјоделските култури што ги одгледуваат на своите ниви потоа ги преработуваат во традиционална домашно зготвена храна и ја продаваат.

Scroll to Top