Фолксваген повлекува над 218.000 „Џети“ во САД поради истекување на горивото

пред 4 години

Фолксваген повлече повеќе од 218.000 лимузини од моделот „Џета“ во САД со цел да се отстрани проблемот со истекување на гориво што може да предизвика пожар.

Повлечени се автомобили од одредени серии, произведени од 2016 до 2018 година.

Фолксваген во документите кои денеска ги објавија американските регулатори за безбедност, наведува дека завртките што држат некои цевки под висок притисок може да се олабават со текот на времето, овозможувајќи истекување на гориво и зголемување на ризикот од пожар.

Германскиот производител на автомобили сè уште не смислил што ќе стори за да го реши проблемот, но очекува да ги информира сопствениците околу 20-ти декември.

Во документите објавени од американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата не е наведено дали дошло до пожар, но се споменуваат одреден број рекламации.

Според документите, сопствениците намирисале гориво или виделе како истекува гориво од областа каде што се наоѓа моторот.

Scroll to Top