Во Словенија првпат над 1.000 активни случаи на коронавирус

пред 4 години

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 104 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата се искачи на 4.058. Ова е мало намалување во споредба со вчера, кога бројот на нови случаи беше 123. Во последните 24 часа, едно лице починало од коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи е 136. Првпат, бројот на активни случаи во Словенија надмина 1.000 и изнесува 1.026. Хоспитализирани се 62 лица. Во текот на вчерашниот ден биле тестирани 3.070 лица, додека од почетокот на епидемијата во Словенија се извршени вкупно 191.413 тестови. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top