Хрватско НЕ ​​за Америка: Нема да потпише изјава против Хуавеј

пред 4 години

Официјален Загреб ќе заземе иста позиција како и Рим, кој порача дека ќе биде внимателен кога ќе ја развива 5Г-технологијата.

Хрватска на денешната средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Дубровник нема да потпише заедничка декларација со САД за безбедноста во користењето на 5Г-мрежата насочена против кинески Хуавеј, туку ќе заземе ист став како и Италија и ќе ги прими на знаење предлозите на САД за „штетноста“ на користењето кинески технологии, пишува „Јутарњи лист“.

Главни две теми на неговата посета се избегнување на двојното оданочување и укинување на визите за хрватските граѓани кои патуваат во САД, а хрватската страна уверува дека потпишувањето на декларацијата не било планирано, ниту било наметнато од американска страна. Хрватска очекува Помпео да објави во Дубровник дека се исполнети условите за укинување на визите и за двојно оданочување меѓу земјите, што е особено важно за ИТ-секторот.

Scroll to Top