„Боба ме побара за жена мртов пијан“-Брена раскажа за љубовта со некогашниот тенисер

пред 3 години

Лепа Брена во една прилика раскажала дека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ за да ја запроси испил пола шише алкохол. Таа вели дека некогашниот тениски ас имал страшна трема кога требало да го праша таткото на Брена дека ја сака за жена .

“ Бобан сакаше да се венчаме. Имав само еден услов – да ме побара по старскиот обичај, но тој не го стори тоа затоа што имаше трема. Се најдовме на фестивал во Германија. Боба за да ја ублажи тремата испил пола шише курвоазје, пред да се сретне со татко ми. Ма беше мртов пијан.  А татко ми претходно го подготвив малку да се колеба и да си игра со него. Но штом Бобан ме запроси, татко рече: „Деца нека ви е со среќа.“ Кога подоцна го прашав зошто не направи како што му реков, ми одговори: „Ќерко толку се влечкавте што мислев дека никогаш нема да се омажиш“, раскажала Брена.

Scroll to Top