(Видео) Ана Николиќ го посети Раста во затвор, му се закани дека ќе му ја земе ќерка му

пред 4 години

Пејачката Ана Николиќ го посети нејзиниот сопруг, раперот Раста, во затвор. Ана го прекинала одморот во Дубаи ѝ се вратила во Белград за да ја земе ќерка ѝ Тара од неговите родители.

„Ана го посети Раста веднаш откако се врати во Белград. Кога се виде со него, почна да му вика дека е неодговорен и дека ја довел Тара во опасност. Го нарече наркоман. Тој и возврати дека е шизофрена и насилна. Ана се закани дека ќе му го одземе старателството ако не прекине да се дрогира“, открива нејзин близок пријател.

Тој вели дека кавгата била толку жестока, па затоа морале да интервенираат и стражарите за да ги смират. Раста постојано повторувал дека не сака повеќе да ја види.

„И викаше дека е алкохоличарка и дека може да ја пријави во Центарот за социјална работа, затоа што конзумирала алкохол“, дополнува изворот.

Тој вели дека стражарите морале да ја прекинат посетата за да ги раздвојат.

За потсетување, Раста минатата недела беше уапсен во Белград, откако кај него била пронајдена голема количина на наркотици. Заедно со него е уапсено уште едно лице. Против него е покренато обвинение за недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Судијата му одредеи притвор од месец дена.

 

Scroll to Top