Раста осуден на една година домашен затвор

пред 3 години

Првиот основен суд во Белград го осуди раперот Стефан Џуриќ – Раста на една година домашен затвор, откако тој денес призна вина за нелегално поседување дрога. Раперот претходно склучи договор со Вишото јавно обвинителство во Белград да ја признае вината за казната да ја издржува дома.

Раста една година ќе носи алка околу ногата за полицијата да има увид во неговото движење.

„Правдата е бавна, но остварлива. Сè помина добро, па затоа можам да им се заблагодарам на сите“, рекол Раста кога излегувал од судот.

Новинарите не присуствуваа на изрекувањето на пресудата за Раста. Рочиштето се одржа пред судија за претходна постапка кој го потврдил претхоно постигнатиот договор според кој раперот признал нелегално поседување на повеќе од половина килограм сканк за лична употреба. Лицето кое беше уапсено заедно со Раста е осуден на една година затвор.

Scroll to Top