(Видео) Дуа Липа по долна облека на доделување на Греми

пред 3 години

Британската пејачка со косовско потекло Дуа Липа привлече големо внимание со својот изглед на 63-тото доделување на Греми наградите. Пејачката се појави на сцената во розово, а церемонија дополнително ја зачини со својот провокативен изглед.

Таа најпрво го започна настапот во розов фустан со дијаманти, а потоа се пресоблече во виолетова јакна и ја продолжи кореографијата со раперот Да Бави. За време на првите тактови на песната „Don’t Start Now“, таа ја соблече јакната и остана во розова долна облека. Во интимно и секси издание, таа танцуваше во ритамот на нејзиниот придружен бенд додека погледи сите биле вперени во неа.

Да потсетиме, Дуа Липа, која имаше голем комерцијален успех со својот албум „Future Nostalgia“, синоќа освои Греми во категоријата најдобар поп албум на годината.

Липа, чиј албум доживеа голем комерцијален успех и има неколку успешни хитови, синоќа доби престижна награда за придонес во поп културата и музиката. Иако претходно критичарите изјавија дека таа ризикувала затоа што објавила диско албум среде пандемијата, се покажало дека нејзината одлука е вистинската.

Scroll to Top