(Видео) Миле се врати со милионот, пансионот ојде стечај: Објавен тизерот за новата сезона на „Преспав“

пред 3 години

Објавен е првиот тизер за хит серијата „Преспав“. Под мотото : Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами и  понекој турист, екипата ја нaјави петтата  сезона на  „Преспав“. Кон средината на декември ќе почнaт да се прикажуваат новите епизоди. Во хит серијата, во која повторно игра цела постава актери, се врати и актерот  Владо Јовановски, кој прв го играше Миле Бузалвски. Потоа него го замени Игор Џамбазов. Како екипата го изведе се ова, со двајцата актери,  во новата сезона која ќе се прикажува на МРТ1. Актерката Наташа Петровиќ која игра масерка, е новиот лик во пансионот.

Првата епизода од македонската серија се емитуваше пред четири години и по само неколку епизоди, стана хит.  Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кој ќе се препознае речиси секој.

Scroll to Top