(Фото) Талат од „Преспав“ првпат објави слика со мајка му

пред 3 години

Глумецот Дритон Вејсели, познат како Талат од Џепчиште од серијата „Преспав“, со фотка на „Инстаграм“ ѝ го честита роденденот на мајка си. Ова е прва слика со неговата мајка што Дритон ја објави на социјалните мрежи, па фотографијата ги изненади фановите.

„Среќен роденден мамо“, напиша тој.

Дритон, чиј лик е еден од омилените во „Преспав“, сепак не крие колку е близок со своето семејство. Во интервју за „Репортер“, тој неодамна зборуваше за своите браќа, но и за семејниот бизнис, бидејќи неговите родители се сопственици на една од најпозните скопски слаткарници, „Малага“. Како син на угостители, тој вели дека лесно се снашол во улогата на Талат.

„Растев во слаткарницата на моите родители и таму научив сешто. Па дури и онаа љубезност што мора да ја имаш со муштериите. А ако ме прашуваш дали сакам да јадам благо, преку глава ми е“, рече тогаш на шега актерот.

Scroll to Top