(Видео) Парис Хилтон се пофали дека доби дијамантски свршенички прстен од два милиони долари

пред 3 години

Американската наследничка на хотелите „Хилтон“, Парис Хилтон, се пофали дека добила дијамантски свршенички прстен кој чини два милиони долари. Таа објави слики и видео од моментот кога нејзиното момче, Картер Реум, ја побара за жена на нејзиниот 40. роденден.

На својата веб-страница parishilton.com таа објави и видео како дизајнерот го црта прстенот специјално за неа. Овој модел ќе го носи нејзиното име. Масивниот дијамантски прстен се состои од главен дијамант, а околу него има десетици помали дијаманти.

„Нејзиниот веренички прстен е помеѓу 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената е скоро 2 милиони долари“, изјави Кетрин Мани, која е специјализиран продавач на дијаманстки прстени во компанијата Brilliant Earth.

„Тоа е импресивен прстен. Класичен дизајн кој ги означува минатото, сегашноста и иднината, многу убаво дизајнирано. Со врвен квалитет на дијамант, го проценувам прстенот помеѓу 1,5 до 2 милиони долари”, изјави Денис Степански, основач и сопственик на It’s Hot Diamond Jewelry and Watches.

Парис се пофали на нејзината страница, а притоа ја сподели и информацијата дека се ангажирани најдобрите експерти и занаетчии за да ѝ го направат свршеничкиот прстен, но објави и видео од дизајнот на нејзиниот скапоцен веренички прстен, рачно насликано во студиото на Жан Дусе, наследникот на Луј Картие.

„За овој специјален проект се собрани најдобрите обработувачи на дијаманти и златари“, напиша Парис на својата страница.

За потсетување, ова е четврта свршувачка на Парис Хилтон, откако се вери во 2002, 2005 и 2018 година, но ниеднаш не се омажи.

Scroll to Top