Деми Мур: Голата фотографија во „Венити фер“ го промени светот

пред 3 години

Во гостување на Јутјуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во „Венити фер“ од 1991 година.
Имено, Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот.

– Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот. На жените, на нашата „дозвола“ да си „ја прегрнеме“ својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси и – да не се обидувам да бидам ништо друго освен – самата јас, се потсети глумицата.

Родителството е голем дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната актерска кариера за да им се посвети на трите ќерки и нивното воспитание. Инаку, таа ги има Скаут, Талула и Румер Вилис со поранешниот сопруг Брус Вилис.

Scroll to Top