„Денес ќе полнеше 54 години, вујче премногу фалиш“: Огнен Здравковски емотивен на роденденот на починатиот вујко, маестро Зоран Џорлев

пред 3 години

Пејачот Огнен Здравковски, внук на починатиот виолинист, вокален изведувач и професор, маестро Зоран Џорлев, објави неколку слики со својот вујко и му оддаде почит на денот кога тој требаше да го слави 54. роденден. Маестро Џорлев почина на 1 јануари од корона, а веста за неговата смрт со неверување ја примија и семејството и јавноста. Огнен, и овојпат емотивен, му испрати порака на својот починат вујко, па вели дека допрва ќе осети колку многу му фали неговото присуство.

„Денес требаше да биде твојот ден, требаше да го славиме твојот 54. роденден. Помина само една недела, а и сам не сум свесен колку премногу фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш. Среќен роденден, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најмногу и засекогаш вујче мој!“, напиша Огнен.

Пред неколку дена во интервју за „Репортер“ Огнен зборуваше за спомените што го врзуваат за неговиот вујко. Ни кажа дека не може да се помири со неговата ненадејна смрт. „Нè затече неспремни. Сите мислевме дека е подобар, дека наскоро ќе се врати дома“, рече Огнен, и откри дека со вујко му и со неговото семејство живееле во иста куќа.

Огнен ни кажа и дека бил многу близок со маестро Џорлев, кој е брат на неговата мајка Софче. Вели, за него тој не бил само вујко, туку дека го чувствувал и како татко.

„Пресреќен и преблагодарен сум бидејќи имав од кого да учам и наследам. Ние и многу често настапувавме заедно, и за жал останаа уште многу неиспеани песни,“ ни раскажа тогаш низ емоции Огнен.

„Вујче, уште многу песни ни останаа недопеани“: Огнен, внукот на маестро Зоран Џорлев, раскажа за тешките мигови по смртта на познатиот виолинист

Scroll to Top