Елизабет Харли не добила улога во „Сплетки“ оти била премногу убава

пред 3 години

Британската актерка Елизабет Харли не ја добила главната женска улога во познатата хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses) оти била премногу убава. Таа се појавила на аудиција за ликот на Касандра, девојката на Родни.

„Елизабет Харли сета возбудена се појави на аудицијата, но на Тони Дау таа премногу му личеше на модел за да му одговара на некој како Родни… Ни беше чудно, затоа што тогаш изгледаше уште подобро отколку денес, но и јас едноставно не можам да ја замислам како негова девојка – тешко е таков фраер ќе излезе во град со оваа зачудувачки убава жена“, рекол сценаристот Грејм Меккан.

На крајот, Гвинет Стронг ја доби улогата на Касандра.

Популарната серијата почна да се прикажува 1981 година. Таа била толку популарна, што во еден миг, наводно, поради големиот број гледачи, имало пад на електричната мрежа во Велика Британија.

 

 

Scroll to Top