Емили Ратајковски била сексуално злоставувана

пред 4 години

Манекенката и глумица, Емили Ратајковски, го обвини фотографот Џонатан Ледер дека сексуално ја злоставувал во 2012 година. Ова, според Емили се случило во неговата куќа во планинската област Кетскилс, во американската сојузна држава Њујорк. Таа деталите ги откри во есеј што го напиша за магазинот „Њујорк“, а кој беше објавен вчера. Во него манекенката вели дека тоа ѝ е најголемата траума што ја доживеала во животот. Тврди дека тогашниот агент ја испратил во домот на Ледер на неплатено снимање за магазинот „Дариус“ и дека тој ангажман барал да спие во домот на фотографот. Емили вели дека дури откако дошла дознала дека ќе снима долна облека. Сакајќи да делува позрело, тогаш 20-годишната девојка прифатила да пие црвено вино, кое Ледер ѝ го понудил во текот на вечерта. „Научена сум дека е важно да се стекне репутација на добра работничка која не приговара ‘Никогаш не знаеш со кого ќе работи после тебе’ ми велеше. Откако сликавме во долна облека, Ледер ми рече: ‘Ајде сега да се обидеме без облека’. Истата секунда откако ја соблеков облеката, дел од мене се исклучи“, пишува Ратајковски. „Почнав ‘да лебдам’, гледајќи како се враќам во кревет. Го исправив грбот и ги истакнав усните. Се фокусирав на идејата за тоа како би можела да изгледам. Блесокот од камерата беше толку силен, а јас испив толку многу вино, поради што црните точки пред моите очи само се ‘размножуваа’“. Подоцна, кога шминкерот кој работел на снимањето отишол на спиење, Ратајковски вели дека се чувствувала целосно будна, но многу пијана. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот и фотографот ја испитувал за момците со кои била во врска, но ја гледал додека ги триела стапалата за да се згрее. „Ми рече дека му се допаѓа тоа што го правам со стапалата. На тоа се сеќавам најјасно. Го мразам тоа што Џонатан коментираше нешто што во текот на животот го правев за да се утешам“, напиша Ратајковски. Манекенката во својот есеј детално опишува што се случувало потоа и дека се сеќава на болката која ѝ ја предизвикал фотографот. Сликите што настанале во домот на Ледер се објавени во 2016 година во книгата „Leder/Ratajkowski Collector’s Edition“ од издавачката куќа „Империјал паблишинг“, но тврди дека на фотографот и издавачот не им било дозволено да ги користат тие фотографии.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top