„Твојата енергија е еротска“- и новинарката Христина Стоиљковиќ сексуално вознемирувана од Бранислав Лечиќ ги објави пораките

пред 3 години

По тврдењето на актерката Даниела Штајнфелд дека е жртва на сексуално злоставување на  актерот, режисер и поранешен министер за култура Бранислав Лечиќ, се огласи и новинарката Христина Стоиљковиќ. Таа е водителка на политичкото шоу „Една минута до 12“, ја сподели својата приказна на Твитер.

Како што тврди Христина, со Лечиќ се запознала во 2019 година, на снимање на емисијата. По гостувањето, почнала да добива вознемирувачки пораки од Бранислав. Иако не одговарала, тој бил упорен.

„Христина, не можам да одолеам, морам да ти кажам. Ми се допадна денес. Твојата енергија е духовна и еротска. А тоа е ретка комбинација., ѝ пишал Лечиќ по гостувањето во емисијата на 23 март 2019 година.

„Христина, така ли се браниш од предизвици? Ова е премногу лесно за мене“, „Ми требаш, јави ми се“. Во објавата на социјалните мрежи, новинарката напиша дека тоа е вообичаен манир на Лечиќ.

Се поставува како да ти прави огромна чест што му се допаѓаш. А потоа еден куп пораки проследени со речиси секојдневно јавување. Со недели, дотичниот не беше премногу погоден што сите повици и пораки, останаа без одговор, напиша водителката во описот на својата објава на „Твитер“.

 

Scroll to Top