Ентони Хопкинс го победи покојниот Чадвк Боузман, а „Земја на Номади“ триумфираше на Оскарите

пред 3 години

Филмот  „Земја на номади“ на кинеската режисерка Клое Жао е прогласен за најдобар филм Оскарите. Филмот освои три големи награди на церемонија која се разликуваше од сите досегашни, а се одржа два месеца подоцна од вообичаено.

Дваесет и една година по Кетрин Бигелоу, Жао стана втората жена која доби награда за режисерскиот оскар, а големо изненадување беше на крајот на вечерта  кога Ентони Хопкинс беше прогласен за најдобар актер за филмот Татко“, па со тоа го победи покојниот Чедвик Боузман, кој беше фаворит. Со тоа на 83 години, Хопкинс стана најстариот актер кој освоил оскар.

Победата на „Земја на номади“ беше на големо очекувана . Ѕвездата на филмот Френсис Мекдорманд го доби оскарот за најдобра актерка, нејзин трет, со што се израмни со Мерил Стрип. Рекордерка е Кетрин Хепберн со четири.

„Пронаоѓав добрина во луѓето секаде каде што патував низ светот. Ова е за сите кои имаат верба и храброст да држат до добрината во себеси и до добрината во другите, без разлика колку тешко било тоа“, изјави Жао.

Глен Клоуз изгуби по деветти пат, овојпат од Јух Џунг-Јоун („Минари“) за најдобра споредна женска улога и тоа е првиот актерски оскар за Јужна Кореја, што доаѓа една година по големиот триумф на „Паразит“. Британецот Даниел Калуја славеше во машка конкуренција за „Исус и црниот месија“.

 

Scroll to Top