Ентони Хопкинс стана најстариот добитник на Оскар во историјата

пред 3 години

Ентони Хопкинс стана најстариот добитник на Оскар во историјата, откако на 83 години ја освои наградата за најдобар глумец во филмот „Татко“. Ова е втор оскар за актерот, кој пред триесет години ја доби наградата за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Во филмот татко Хопкинс глуми човек кој страда од деменција. Сепак, неговата победа беше најголемото изненадување на оскарите, оти се очекуваше наградата постхумно да ја добие Чадвик Бозман за филмот „Црното дно на Ма Рајни“. Наградата беше изненадување и за самиот Хопкинс, кој не беше ниту во Лос Анџелес, ниту во Британскиот филмски институт во Лондон, каде што се следеше церемонијата во живо.

Филмот „Татко“ ја доби и наградата за најдобро адаптирано сценарио, а Кристофер Хамптон и Флоријан Зелер, кои го напишаа сценариото, го нарекоа Хопкинс најголемиот жив актер.

Ентони Хопкинс го победи покојниот Чедвик Боузман, а „Земја на номади“ триумфира на „Оскарите“

Scroll to Top