Ерика Баду се тестираше за корона: Од левата ноздра сум позитивна, од десната негативна

пред 3 години

Американската пејачка и текстописец, Ерика Баду, откри дека се тестирала за корона, но дека резултатите ја збуниле, оти од едната ноздра била позитивна, а од другата негативна. Аренби и џез пејачката откри дека три пати правела тест едно по друго, па сега не знае на кои резултати да им верува.

„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на ковид. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа и додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат.

„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите секогаш се тестираме пред секоја изведба. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото и ги покажала и резултатите од тестовите како доказ.

И директорот на „Тесла“, Елон Маск, викендов објави дека бил четири пати тестиран за вирусот корона во ист ден, и дека добил два позитивни и два негативни теста.

„Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД“, напиша Маск на Твитер.

Scroll to Top