„Зошто ја мразиш Анџелина Џоли“, ја прашаа фановите новата девојка на Бред Пит

пред 4 години

Фановите на Никол Потуралски, новата девојка на Бред Пит, иритирани од нејзиниот коментар на „Инстаграм“, дека среќните луѓе не мразат никого, ја прашаа манекенката зошто таа ја мрази Анџелина Џоли. „Зошто ти и Бред тогаш ја мразите Анџелина Џоли? Практикувај го она што го зборуваш“, и напишал еден фан, на што таа му одговорила дека не мрази никого. Многумина сметаат дека нејзината објава се однесува на поранешната сопруга на Бред Пит. Глумецот од неодамна е во врска со германската манекенка. Двајцата беа на одмор во замокот во Франција, место кое Бред и Џоли го купија додека беа заедно. Во јавноста се рашири веста дека Џоли му се налутила на Бред, заради неговата кратка љубовна авантура во Франција. View this post on Instagram Happy people dont hate 🧡🧡🧡 A post shared by Nico (@nico.potur) on Sep 15, 2020 at 7:18am PDT

Извор: reporter.mk

Scroll to Top