Игор Џамбазов во негов стил: ЕВЕ ШТО МИ ПОМОГНА ДА ЈА ОСВОЈАМ ИЛИНА

пред 4 години

Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова. За време на разговорот, Џамбазов откри како се запознале со Илина и како почнала нивната љубовна врска. Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја, раскажа Џамбазов. Тој призна и дека врската со Илина е сериозна. Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, најави шоуменот.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top