(Фото) „Мајка ми Анче и дедо Петре пред 70 години во МНТ“: Џамбазов го одбележа Светскиот ден на театарот

пред 3 години

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов го одбележа Светскиот ден на театарот со слика од 1952 година. На црно-белата фотографија направена пред скоро 70 години, се неговата мајка Анче Џамбазова и дедо му Петре Прличко.

„Денес е 27 март, Светскиот ден на театарот. А ова се мајка ми Анче и дедо ми 5-ре во ‘Вообразен болен’ од Жан Батист Поклен Молиер. Премиерата е изведена во Македонскиот народен театар на 30 октомври 1952“, напиша Игор.

Фановите, пак, му посакаа што побрзо и тој и сите актери да се вратат во театарот, заедно со публиката што ќе ужива во нивните претстави.

Scroll to Top