Карлеуша: Јас сум најдобра мачка на Балканов и подобра риба од Џенифер Лопез

пред 3 години

Српската пејачка Јелена Карлеуша вели дека ѝ смета што сите се воодушевуваат и ја фалат пејачката и актерка Џенифер Лопез кога се соблекува и објавува фотографии на кои е гола, а нејзе ја судат, пишува „24 сата“. Откако медиумите напишаа дека  Калеуша ја копирала Џенифер Лопез во облекувањето, оваа не штедеше да каже колку е згодна.

„Сите сте лицемери. Да не зборувам за тоа дека сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез, а и десет години помлада. Сè што е странско ни е врвно, а нашето го плукаме… Кој ли знае во која дупка на животот би била кога би слушала што има да ми каже Балканот“, вели  Карлеуша.

Таа додава дека всушност е најдобро облечена на сцената, дури и кога е гола.

„Јас сум најдобрата мачка на овие простори. А што мисли мнозинството за мене е исто толку важно како и резултатите од изборите во Боцвана во Африка! И да, сосема е небитно дали имам 20, 30, 40 или 150 години… Не ме интересираат тие бројки и тие параметри“, вели пејачката.

 

Scroll to Top