„Кога јас пеев против режимот вие лапавте пари“, им се налути на колегите Спасен Силјаноски

пред 4 години

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски вчера не беше на протестот на музичарите и угостителите пред Влада, кои бараа да им се дозволи да организираат веселби и да пеат оти немаат друг извор на заработка. Иако организаторите на протестот и неколку колеги го поканиле да дојде, Спасен одбил оти е револтиран што некои од нив му се сителе кога, како што тврди тој,  добивал кривични пријави од власта за „непостоечки дела“.

„Кога јас го бојкоторав овој режим, вие пеевте на нивните митинзи, игранки, НАТО собиранки, приватни журки и лапавте пари од буџетот“, напиша тој на „Фејсбук“.

Пејачот сепак вели дека ќе секогаш биде тука да ги поддржи своите колеги, иако низ годините скоро никој од нив не го поддржал него.

„Кога јас го кревав мојот глас против овој режим драги мои колеги вие ми велевте: остај политика гледај си ја музиката, некои дури ме осипуваа со пцовки. Епа ете, остајте ја и вие политиката гледајте си ја музиката“, вели пејачот и додава : Ама и покрај сè повторно ќе бидам со народот и своите колеги. Но се надевам дека и вие ќе бидете тука кога сте ѝ потребни на Македонија, и овој пат конечно заедно сплотени да ја запееме онаа нашата ‘Жива била Македонија’,“ напиша тој.

Scroll to Top