Кралицата Елизабета му наредила на Чарлс да се разведе од Камила

пред 4 години

Кралицата Елизабета Втора му наредила на синот, принцот Чарлс, да се разведе од неговата сопруга Камила, пишуваат англиските медиуми. Според нив, кралицата му наредила на Чарлс да ги поднесе документите за развод, затоа што сака да ги реши сите скандали пред да умре.

Познато е дека романсакта меѓу Чарлс и Камила се случи уште во периодот додека принцот беше оженет со поранешната принцеза Дајана. Поради тоа Камила до ден денес се наоѓа на осуда од јавноста. Според пишувањата на магазинот „Globe“, нивниот брак е пред распад.

Чарлс сакал целата работа да се реши и да остане во рамки на кралското семејство и подалеку од очите на јавноста.

„Чарлс сакаше да го избегне овој скандал и срам“, вели извор од палатата, не откривајќи премногу детали. Иако кралското семејство досега официјално се нема огласено, тој вели дека сите навиваат Камила да си замине.

Британските медиуми уште пред неколку месеци пишуваа дека нивниот брак е нелегален. Таблоидите тогаш тврдеа дека бракот бил прекршен со законот од 19 век, според кој, бракот мора да биде склопен во церемонија која ја пропишува англиската црква.

Неодамна дури се зборувало дека заедно ќе го напуштат кралксиот двор и дека ќе заминат во Италија. Се пишуваше дека на двајцата им здосадило да чекаат на круната и дека имаат намера трајно да се преселат во Италија. Чарлс ќе му ја препуштел круната на синот Вилијам.

 

 

Scroll to Top