Принцот Хари му испрати писмо на Чарлс, татко му не сака да му прости

пред 3 години

Принцот Чарлс не сака да се помири со неговиот син Хари и покрај неговите обиди да се смири со кралското семејство. Како што пренесуваат медиумите во Британија, Хари пред да се врати дома, му испратил на Чарлс лично писмо со помирувачка порака.

Тој ги објаснил во писмото причините за неговото заминување од кралското семејство и ветил дека во иднина ќе ги почитува кралските институции.

Лица од палатата кои се упатени во целата оваа работа, откриваат дека и Чарлс и Вилијам биле огорчени кога го погледнале интервјуто.

„Хари не знаеше што да очекува кога ќе се врати дома. Тој му напиша лично писмо на татко му и се обиде да ги исправи работите, но, тензиите меѓу нив се големи и работите не испаднаа така како што тој очеквуаше“, открива извор близок до Хари.

Британски „Мирор“ пишува дека Чарлс не сака да се смири со него, затоа што бил повреден од неговите изјави кои ги дал во интервјуто кај Опра Винфри. Хари и Меган во шоуто на американската водителка го нападнаа кралското семејство и го обвинија за расизам.

Хари тврдеше дека еден од членовите на кралското семејство коментирал колку невесело ќе биде неговото неродено дете, додека Меган тврдела дека семејството одбила да и помогне во моментите кога била бремена, па понекогаш посакувала да се самоубие.

„Сега не е ни време ни место за преиспитување на работите. Таква е атмосферата во семејството. Ова е премногу емотивен моменти за сите нив. Чарлс замина во својот дом во Велс, каде работи од дома и продолжи да го почитува периодот на жалост, кој завршува во четврток. Во палатата владее многу недоверба и сè е сурово“, открива неименуван извор од палатата.

Чарлс и Вилијам закажале состанок со највисоките членови од кралското семејство за да се договорат во кој правец ќе продолжи да се развива семејството, сега кога Филип го нема. Извор од палатата велат дека сега е потребна соработка и единствено меѓу принцовите Чарлс, Вилијам, нивните сопруги, принцезата Ана и грофот и грофицата од Васекс.

Извори од палатата велат дека идните двајца крала се согласни околу една работа, а тоа е принцот Ендру. За него нема место во кралското семејство, по скандалите со сексуалното злоставување на малолетнички и неговата поврзаност со педофилот Џефри Епштајн.

Во план се и големи ангажмани и проекти за седум најблиски членови од кралското семејство

 

 

U kom pravcu će se dalje razvijati odnosi u porodici, kao i da li će rođenje drugog deteta princa Harija smekšati njihova srca i pomiriti braću i oca, ostaje da vidimo.

Scroll to Top