Лечиќ ги покани жртвите на Мика Алексиќ да се префрлат во неговото училиште: Актерската фела згрозена по објавата дека дека двајцата ги силувале своите колешки

пред 3 години

Откако актерката Данијела Штајнфелд во Вишото јавно обвинителство во Белград изјави дека Бранислав Лешиќ е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија што ја силувал, нејзината колешка Јелена Косара (19) јавно кажа дека има и други актерки кои се негови жртви. Јелена, иако е на почетокот на кариерата, играше со Лечиќ во серијата „Синѓелиќи“.

„Го гледав документарецот на Даниела штом се појави и неколку постари колеги веднаш ми рекоа дека станува збор за Бранислав Лечиќ. Кажаа дека веќе имал такви ситуации. Кога Даниела конечно го изговори неговото име, никој не се шокираше. Тој често се однесува несоодветно и секогаш им приоѓа на своите колеги со сексуални алузии. Има уште негови жртви, актерки што ги малтретирал сексуално и ако кажат јавно, треба да ги поддржиме. За среќа, кога работев со него, бев мала, па не доживеав непријатност“, рекла актерката за „Информер“.

Таа додава и дека целата актерска фела во Србија била згрозена кога Лечиќ ги поканил жртвите на професорот по глума Мика Алексиќ да се префрлат во неговото актерско училиште.

„Тој воопшто не смееше да го стори тоа. Ужасно. Благодарност до Милена Радуловиќ и Даниела што проговорија и на тој начин спречија јас или некоја моја колешка да поминеме низ истото еден ден. Не само што Мика и Лекиќ се такви, има и други моќни луѓе кои експлоатираат млади девојки на разни начини. Ова е само врвот на ледениот брег. Се надевам дека сите манијаци ќе бидат кажани јавно со име“, додала таа.

Scroll to Top