Мерилин Менсон тврди дека не ги злоставувал петте жени што го обвинија за насилство

пред 3 години

Американскиот рок-музичар Мерилин Менсон ги отфрли обвинувањата за насилство што против него ги поднесоа пет жени и вели дека тие се страшно искривување на реалноста. Прва која го обвини Менсон за злоставување беше глумицата Еван Рејчел Вуд, позната по серијата „Западен свет“.

Вуд изјави дека Менсо, со кого беше во врска, со години ужасно ја злоставувал и дека не може веќе да живее во состојба на страв и закани. Во знак на солидарност уште четири жени ги споделија своите искуства, објави „Венити фер“. Тие го обвинуваат Менсон за сексуално и психолошко насилство, но и за разни облици на принуда и заплашување.

„Очигледно, мојата уметност и мојот живот долго време беа контроверзни, но овие неодамнешни изјави за мене се страшно извртување на реалноста. Моите интимни врски отсекогаш биле во договор со истомисленици. Без оглед на тоа како и зошто другите сега избираат да го сменат минатото, тоа е вистината“, напиша Менсон на „Инстаграм“.

Еден ден откако се појавија обвинувањата за насилство, неовата продуцентска куќа „Лома Виста рекординг“ ја прекина соработката со рокерот. Тој соработуваше со нив од 2015 година и издаде три албуми, а последниот, We Are Chaos, беше објавен лани во септември.

Ова не се први вакви обвиненија против Менсон. Претходно, ѕвездата на „Доктор Хаус“, американската глумица Шарлин Ји го обвини за сексуално вознемирување при неговите должности околу серијата. Обвинителството на Округот Лос Анџелес, Калифорнија, 2018 година одлучи да не поднесе официјални пријави против пејачот за силување. Оваа одлука е донесена заради застареност на истрагата.

„Мерилин Менсон со години ужасно ме вознемируваше“, откри актерката Еван Речел Вуд

Scroll to Top