Необјавена божиќна песна на Влатко Илиевски

пред 3 години

Необјавена божиќна песна „Песна за нас“ во изведба на Влатко Илиевски и хорот на „Златно Славејче“ од денес во етерот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото на Александар Митевски.

За потсетување, Влатко Илиевски почина летото, пред две години, кога беше пронајден мртов во својот автомобил во населбата Аеродром.

Scroll to Top