(Видео) На иницијатива на таткото на Влатко, промовирана досега необјавена песна

пред 3 години

На иницијатива Драган Илиевски – Вршац, таткото на Влатко Илиевски, беше промовирана досега необјавената песна „Со тебе најдов среќа“. Вршац, кој е познат градски лик и сопственик на кафеаната „Кај Вршац“, свратилиште на многу спортисти и јавни личности, отсекогаш бил најголемата поддршка во кариерата на неговиот син Влатко.

Песната ја направи Кристијан Габроски и таа е најава за албумот со необјавени песни на Влатко, кој ќе биде промовиран наскоро.

Претходно, во соработка со семејството на Влатко, беше промовирана и „Песна за нас“, божикна песна што Илиевски ја испеа со хорот на „Златно славејче“.

За потсетување, Влатко Илиевски почина летото пред две години, кога беше пронајден мртов во својот автомобил во населбата Аеродром.

Scroll to Top