Работевме како во логор, а не казнуваше за ситници и ни поставуваше стапици, вработените за ужасот што им го приредила Елен Деџенерис

пред 4 години

Работниците на познатата американска водителка Елен Деџенерис раскажаа за неријатното искуство кое го доживеале додека работеле на нејзиното шоу. Тие велат дека се чувствувале како да работеле во логор, а Елен постојано ги казнувала за ситни работи и им поставувала стапици. Еден од нејзините поранешни вработени, вели дека атмосферата кај Елен била неверојатно фрустрирачка. Луѓето воглавно се воздржувале со недели, а понекогаш и со месеци и не реагирале на нејзините малтретирања, кои се случувале без никаква причина. Елен во последно време постојано е напаѓана од јавноста заради нејзиниот однос. Целата работа почна кога неколку од нејзините вработени и соработници, пред неколку  месеци отворено проговориле за нејзиното однесување и начинот на кој таа ги третира своите колеги. Бранот од тужби со кои Елен наскоро ќе се соочи, станал преголем за да може и нејзиниот работодавател, компанијата WarnerMedia да го игнорира. Нејзиното планетарно популарно шоу, заврши под интерна истрага на медиумската куќа. Се чини дека светот и деловното царство кое Елен го градела со години, му се ближи крајот. Откако се испоставило дека таа вработените ги третира на непримерен начин, понижувајќи ги и делејќи им откази без никаква причина, јавноста се сврте против неа. Вработените вели дека Елен ги отпуштала од работа, иако тие биле оправдано отсутни, дали поради болест или погреб. Елен самата се обрати до јавноста и ја раскажа нејзината страна од приказната. Таа одговорноста ја префрли на раководителите, кои ја злоупотребиле положбата на моќ, која таа им ја доделила. Во последните написи на „Дејли Мејл“, се објавени сведоштва на некои од работниците. Еден од нив вели дека атмосферата кај Елен била еднаква на онаа во работен логор. Тој раскажал како Елен непрекинато викала по нив и ги казнувала и за најмала грешка. Ќе им забележала дека храната ја носеле во погрешни послужавници, а пената од млекото не и била по мерак и онаква каква што таа им побарала. Исто така соленките ги оставале на погрешно место. Вработениот раскажа дека омилени на Елен и биле стапиците кои ќе ги поставела на сетот, како кутиите со кибритчиња, кои ги ставала под јастукот или зад плакарите, само за да открие дали некој чистел во тој дел од просторијата.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top