Салма Хајек плачела по секс-сцената со Антонио Бандерас во „Десперадо“

пред 3 години

Глумицата Салма Хајек во гостувањето во подкастот Armchair Expert, кај Моника Падман, открила за трауматичното искуство кое го имала за време на снимањето на филмот „Десперадо“ со нејзиниот колега Антонио Бандерас.

Таа вели дека во филмот кој го режирал Роберт Родригез, плачела по секс-сцената со Бандерас. Признала дека била исплашена и дека се почувствувала посрамотено.


„Бев исплашена. Почнав да плачам на сетот. Ми беше многу страв. Помислив дека нема да можам да снимам. Најмногус е плашев од Антонио. Тој беше многу драг, но ме плашеше неговата слобода. Него му беше лесно да ги снима таквите сцени, а јас постојано плачев. Со Родригез и двајцата беа неверојатни. Не ме присилуваа на ништо. Беа свесни дека тоа за мене беше трауматично искуство, па се обидуваа да ме насмеат. Се сеќавам дека не испуштив пешкирот со кој бев покриена, но некако и тоа успеавме да го снимиме“, се потсети Хајек, која вели дека до ден денес е во одлични односи со Бандерас.

Таа вели дека целата приказна можеби од денешна перспектива е смешна, но и исто така смета дека жените денес се пооптеретени со работи, кои мажите не ги интересираат.

„Постојано размислував за мојот татко и брат. Се прашував дали ќе го видат и тие мојот филм. Како ќе реагираат и другите луѓе кои ги познавам. Машките глумци не мораат да се носат со тој проблем. Нивните татковци веројатно ќе бидат горди што синовите им глумат мачо типови во кревет“, раскажала Салма.

Прославената холивудска глумица првата улога во мексиканските теленовели ја имаше на крајот на 80-те години, но во Холивуд се проби нешто подоцна. Вели дека на почетокот на кариерата се борела со совладување на англискиот јазик.

 

Scroll to Top