(Видео) Моника Белучи наполни 56 години: Жешка секс сцена е роденеднска честитка од фановите

пред 4 години

Италијанската актерка и секс симбол Моника Белучи денеска го слави својот 56-ти роденден. Скоро триесет години се зборува за неа како најубава жена на светот, а секоја нова фотографија докажува дека годините не оставаат трага на нејзиниот изглед. Таа ја започна својата кариера во 1980-тите како модел и манекенка, а наскоро продолжи со филмски улоги во италијански, француски и американски филмови. Улогата во филмот Малена, приказна за една италијанска провинција во Втората светска војна, за омразената 27-годишна вдовица поради изгледот и реакциите што ги предизвикува кај мажите, ја одбележа нејзината кариера. Сцените од филмот се незаборавни, а дваесет години подоцна многу помлади актерки, инфлуенсери и модели се обидуваат да ја ископираат  Моника на фотографиите на кои шета низ градот и група момчиња кои ја гледаат зачудено. Во нејзината кариера, таа не се срамеше да го покаже голото тело на филм, а некои од нејзините сцени се навистина незаборавни. Пред нејзината врска со Лефевр, Моника имала два брака. Од долгогодишниот брак со Винс Касел, таа има две ќерки, а нејзината постара ќерка Дева веќе станува популарна по својата исклучителна убавина.

Scroll to Top