Софија Вергара потполно гола позираше во када

пред 4 години

Американската актерка, по потекло од Колумбија, 48-годишната Софија Вергара објави фотографија на која е целосно гола и ги „запали“ социјалните мрежи.

Софија воодушеви 20 милиони следбеници со нејзината гола фотографија на која лежи на страна во када, а нејзините интимни делови се покриени со пена за капење.

„Убава Колумбијка“, прокоментира Мис Универзум од 2006, Зулејка Ривера под сликата.

Актерката позираше самоуверено, гола во када, пред извесно време, за списанието „Vanity Fair“, а зад објективот стоеше познатата Ени Лебовиц.

„Убава“, „Многу си згодна“, „Гориш“, „Секси“, беа само дел од коментарите под објавата на познатата убавица, која е многу активна на социјалните мрежи и често евоцира спомени од својата младост и ги воодушевува своите фанови.

Софија е во брак со Џо Манганиел од 2015 година и никој не може да поверува дека за две години таа ќе наполни 50.

Scroll to Top