Софија Вергара е најплатената глумица во светот

пред 4 години

Магазинот „Форбс“ објави дека колумбиската глумица Софија Вергара е најплатена актерка во светот изминатава година. Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ заработила преку 43 милиони долари изминатава година. Таа заработуваше по 500 илјади долари од епизода во последната сезона од серијата која престана да се прикажува пролетта. 48-годишнта глумица, според проценките на „Форбс“, заработила најмалку 100 милиони долари од снимањето на оваа серија. И иако заради коронавирусот филмската продукција направи пауза, глумиците заработувале од снимање ТВ-серии. По Вергара, на листата најплатени е Анџелина Џоли со 35 милиони долари, а на трето е Гал Гадот со 31 милион долари.

Scroll to Top