Со Никол покрај себе Бред Пит се чувствува сакано и среќно

пред 4 години

Холивудскиот глумец Бред Пит, веќе неколку месеци е во врска со 27 годишната Никол Потуралски. Заедно беа и на романтичен одмор во замокот во Франција, во кој Пит се венчаше со поранешната сопруга, Анџелина Џоли. Извор близок до глумецот, потврдил дека глумецот е среќен во врската и дека не се оптеретува премногу со коментарите за новата девојка. Тој не е загрижен ниту за тоа што мисли Анџелина со која следниот месец го очекува завршницата од битката за старателство над шесте деца. Бред не сака да открива премногу за приватниот живот, па затоа одлучил да не се меша во потенцијалните идни конфликти меѓу Никол и Анџелина. „Бред не е премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од неговиот живот, тој едноставено е среќен што конечно пронајде некој кој го сака, внимава на него и го мази“, изјавил изворот близок до глумецот.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top