Популарната американска ѕвезда Ким Кардашијан се најде на официјалната листа на милијардери, која познатиот економски магазин „Форбс“, ја изработува секоја година.
Нејзиното богатство стигнао до една милијарда долари, поради козметичките и модни бизниси. Исто така, Ким одлично заработила и од приходите од телевизија, рекламни договори и инвестиции.
„Форбс“ пишува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени. Сепак ѕвездата се проценува дека тежи повеќе од милијарда долари.
Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така таа потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“.
Покрај тоа, Ким дополнително профитираше благодарение на својот „Инстаграм“ на кој ја следат повеќе од 213 милиони луѓе.