„Твитер“ го избриша профилот на Канје Вест

пред 4 години

Од компанијата „Твитер“ го избришаа профилот на Канје Вест, откако раперот објави видео во кое тој се измоча на неговата „Греми“ награда. Славниот рапер во последните неколку месеци, во повеќе наврати ги изненади и загрижи своите фанови со неговите скандалозни постапки. Trust me … I WONT STOP pic.twitter.com/RmVkqrSa4F — ye (@kanyewest) September 16, 2020 Тој како никогаш досега се соочува со поизразена манична фаза на неговото биполарно растројство, за која отворено зборуваше и неговото семејство, кое вели дека прави сè за да го врати на вистинскиот пат. Во синоќешниот испад на „Твитер“, Канје, освен инцидентот со „Греми“ наградата, повика неколку издавачки куќи, откри доверливи договори, голем број на телефони и контакти и побара помош од неколку селебрити лица. Од „Твитер“ веднаш му го избришале профилот, но како што изјавил неговиот пријател НБА кошаркарот Рик Фокс, на Канје профилот му бил блокиран само 12 часа, доволно за да се смири.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top