(Фото) Бред Пит заврши во инвалидска количка

пред 3 години

Папараците го снимија холивудскиот глумец Бред Пит во инвалидска количка, додека излегувал од стоматолошка ординација. Тој бил во друштво на неговиот телохранител, кој го туркал на излегување.

Медиумите пишуваат дека со глумецот сè е во ред и дека тој само ја почитувал политиката на болницата. Пациентите кои примиле анестезик или некаков медикамент, мораат да бидат седнати во количка, за да се спречи некаква незгода или да се повредат.

 

За потсетување, Бред ПИТ заедно со Харисон Форд, Хали Бери и Рис Витерспун и уште неколкумина нивни колеги ќе бидат водители на церемонијата на доделување на Оскарите која треба да се одржи на 25 април.

Scroll to Top