(Фото) „Зошто не коментираш колку ти се грди и дебели децата“, фановите на „Гранд“ со заканувачки пораки до ќерките на Карлеуша

пред 3 години

Двете малолетни ќерки на пејачката Јелена Карлеуша, Атина (12) и Ника Тошиќ (11), добиле сериозни закани и навреди на социјалните мрежи, по дисквалификувањето на Вања Кнежевиќ, една од кандидатките во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Под објавените фотографии на Атина и Ника, луѓето на социјалните мрежи пишувале ужасни коментари и закани, нарекувајќи ги со погрдни имиња.

Поради вознемирувачката содржина, медиумите во Србија не сакаа да ги објават сите коментари, затоа што сметаат дека девојчињата не се дел од музичкото натпреварување, ниту пак се дел од јавната сцена и немаат никаква врска со дисквалификацијата на Вања.

Тие објавија само дел од коментарите со поблага содржина.

„Ти посакувам Јелена, секоја солза на Вања да се враќа на твоите деца. Смири се, имаш 12 години, ку**а како мајка ти. Кажи ѝ на мајка ти дека е ку**а, Имаш гад за мајка, макар ти можеш да учиш од нејзините грешки. Изгледа како нејзината мајка пред операцијата, а таа ги коментира децата на други луѓе, наместо да се занимава со своите“, биле само некои од коментарите.

И Карлеуша по скандалот добила пораки со навредувачка содржина.

„Зошто не ги коментираш грдоста и дебелината на твоите деца, како што знаеш за учесниците на натпреварот да го одврзеш јазикот? И така двете деца ти се грди, погрди не можат да бидат, еднава е дебело како бумбара, а другата, кога ќе се погледне во огледало, стаклото се крши“,„Жирафа, одвратно, офарбај се црно, можеш да ја играш Олива во циркус“, исто така, се некои од коментарите под фотографиите на Атина и Ника.

За потсетување, Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“ по одлуката на продукцијата, а на барање на Карлеуша.

Тоа се случи откако Вања објави пораки со навредлива содржина на сметка на Карлеуша, кои ги добила од нејзинтие фанови. По објавите на Вања на социјалните мрежи и изјавите за медиумите, Карлеуша најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа.

Scroll to Top