(Фото) „Полна да ви е ќуќата со деца”, Адријана Алачки со благослов го вери синот

пред 3 години

Познатата водителка и пејачка Адријана Алачки, со емотивна порака на социјалните мрежи му ја честиташе свршувачката на синот Благоја. Таа објави фотографија од прстенот со кој Благоја ја запросил неговата партнерка Лина.

„Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот, ерупција од емоции, како што доликува со сите нишани, да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња, честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени“, напиша Алачки под фотографијата на која се гледа прстенот.

(Љ.В.)

Scroll to Top