(Фото) Хали Бери е заљубена во пејачот Ван Хант

пред 4 години

Холивудската актерка Хали Бери е заљубена во пејачот Ван Хант. Светските медиуми пренесуваат дека глумицата повторно е среќна и дека ја пронашла новата љубов. Таа повеќе не сака да ја крие врската со пејачот и на „Инстаграм“ објави и фотографија носејќи маица на која го пишува неговото име. View this post on Instagram now ya know… ♥️🦶🏽 A post shared by Halle Berry (@halleberry) on Sep 17, 2020 at 12:04pm PDT Бери само кратко коментирала до фановите дека сега знаат сè. Таа неодамна објави и фотографија од Лас Вегас каде го прослави роденденот, со нејзиното ново момче. View this post on Instagram sunday,funday❤️ A post shared by Halle Berry (@halleberry) on Jul 19, 2020 at 6:10pm PDT „Будење во Вегас! Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски честитки од моите пријатели, но и најлојалните обожаватели. Сите вие ми помогнавте овој роденден да ми биде посебен“, порачала актерката тогаш.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top