(Фото) Шерон Стоун прими вакцина против коронавирус: Не беше тешко да се дојде на ред

пред 3 години

Холивудската глумица Шерон Стоун ја прими првата доза на вакцина против коронавирус.

„Ја примив првата доза. Не беше тешко да се дојде на ред – напиша глумицата покрај фотографијата поставена на Инстаграм на која ја прима вакцината.

Со првото вакцинирање таа им се придружи на славните колеги кои исто така ја примиле првата доза. Џејн Фонда, Шон Пен, Стив Мартин, Арнолд Шварценегер.

Инаку, Шерон Стоун лани од ковид ги загуби бабата и кумата, а нејзината сестра и зет беа во тешка состојба борејќи се за животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

„Мојата сестра Кели, која има автоимуна болест, сега има и корона. Некој од вас кој не носел маска е виновен. Таа нема имунолошки систем, а била само до аптека. Во нејзината област нема тестирање освен ако некој има симптоми, а на резултатот се чека дури пет дена. Носете масака! Поради себе и другите, ве молам“, изјави тогаш Шерон.

Scroll to Top