Јована Јоксимовиќ ја избркаа од „Прва ТВ“

пред 4 години

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована, и нејзиниот колега Срѓан Предојевиќ, со кого ја водеше утринската програма на „Прва ТВ“ добија отказ од работа. Веста дека се избркани беше објавена на инстаграм и фејсбук страниците на најгледаната телевизија во Србија. „Телевизијата „Прва“ реши да ја прекине соработката со Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ поради непочитување на работните обврски“, напишаа тие, а Јована веднаш им врати: „Каква е телевизијата, таква е и објавата’. Неофицијално, причината за отказот се несогласувањата меѓу продукцијата и водителскиот пар, а делумно и новиот водител Филип Чукановиќ кој ги менуваше во текот на летото. Исто така, одамна се пишува и дека Јована била многу арогантна, се карала со сите, а и дека земала висока плата која, според сопствениците, не ја заслужувала.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top