Џеј не бил заразен со коронавирусот, откри обдукцијата

пред 3 години

Врз телото на починатиот српски пејач Џеј Рамадановски е извршена обдукција, која покажала дека тој не бил заразен со коронавирусот, пишува „Блиц“.

Додека траела обдукцијата, семејството на покојната ѕвезда било на гробиштата, каде ги договарале деталите за закопот.

Според српските медиуми, во моментов членовите на семејството на Џеј одлучуваат и не можат да се согласат дали тој да биде погребан според муслиманските или според православните обичаи.

Џеј Рамадановски ќе биде погребан во петок на Новите гробишта во Белград, а неговиот гроб е веднаш до почивалиштето на неодамна заминатиот актер Иван Бекјарев.

Scroll to Top