Автомобил удрил во малолетник во Скопје

пред 4 години

Во попладневните часови на 14. октомври во полиција бил пријавен сериозен сообраќаен инцидент, на скопската улица „Крсте Асенов“.

Како што информираат од МВР, автомобил „фолксваген џета“, управуван од 46-годишниот Б.Џ. од Скопје, удрил во малолетен пешак.

Во незгодата, детето се здобило со тешки повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top