Со автомобил удрил малолетен велосипедист и избегал

пред 3 години

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 18.45 часот на бул.„Гоце Делчев“ кога патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и избегал.

Малолетникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница Прилеп.

„Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот“, се вели во инфромацијата од Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top