Алаѓозовски и Поповски назначени на нови функции во Владата

пред 4 години

Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше на новооснованата функција Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

На уште една позиција со ново име во Владата, Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност, е именуван Роберт Поповски, соопштија од „Илинденска“.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top