Албанец скрил дрога во грмушка кај Струга, полицијата го фатила кога ја препакувал

пред 4 години

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф. Ц. (33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и против К. К. (33) и А. С. (26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање. Првопријавениот, во месноста Врабич, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа, во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана. Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а набргу со патничко возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top