Амбасадорите на ЕУ разговараат за преговарачката рамка на С. Македонија

пред 3 години

Во моментов во Брисел се одржува дискусија на амбасадорско ниво за преговарачката рамка за Северна Македонија, како и за Албанија, а министерскиот состанок на кој треба да се потврди одлуката е одложен за една недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

По состанокот во Берлин, надежта е дека Скопје и Софија постигнале некаков напредок, кој во моментов се дебатира на амбасадорско ниво помеѓу земјите членки на Унијата.

Во меѓувреме пристигна информација дека министерскиот совет од 10 ноември на кој требаше да се потврди – или не – усвојувањето на преговарачките рамки за Скопје и Тирана е одложен за 17 ноември, поради критичен контакт на германскиот министер за Европа, Михаил Рот, со лице позитивно на Ковид-19, соопшти портпаролот на германското претседателство на Твитер, Себастиан Фишер.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за напредокот на преговорите на ниво на ЕУ помеѓу Бугарија и останатите земји членки за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Scroll to Top